Насловна / Архитектура / Paulo Mendes da Rocha добитник на Златниот медал на UIA

Paulo Mendes da Rocha добитник на Златниот медал на UIA

Меѓународната унија на архитекти (UIA) го прогласи добитникот на Златниот медал и на петте награди на UIA. Златниот медал му припадна на бразилскиот архитект Paulo Mendes da Rocha. Наградите ќе бидат врачени на 27-от Светски конгрес на архитекти на UIA (UIA2021RIO), кој ќе се одржи во Рио де Жанеиро, Бразил од 18 до 22 јули, а Mendes da Rocha ќе учествува на главното предавање.

п_resize

Paulo Mendes da Rocha (1928) одликуван е и со други значајни награди, како Прицкер во 2006 година, наградата Мис ван дер Рое во 2000 година и Златниот лав на Венецијанското биенале за животно дело во 2016 година и е првиот Бразилец кој ја доби оваа награда.

понако_resize

Pinacoteca do Estado de São Paulo

Некои од неговите најзначајни проекти се: Бразилскиот музеј за скулптури (1988), реновирање на галеријата во Сао Пало, отворена во далечната 1905 година (Pinacoteca do Estado de São Paulo), Центарот за култура на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло (1996), Музеј на португалски јазик во Лисабон (2006), SESC 24 de Maio, предградие на Сао Паоло и многу други.

скулп_resize

Бразилскиот музеј за скулптури 

Жирито го цени единствениот статус на Mendes da Rocha како смел борец за архитектурата. Во соопштението на UIA се вели: „Златниот медал на Paulo Mendes da Rocha, претставува пример на животен успех, кој трае седум децениии и кој ја потенцира архитектурата како јавен чин“

портјаз_resize

Музеј на португалскиот јазик 

За својата работа Mendes da Rocha ќе  зборува на  Светскиот конгрес на архитектите во Рио – со тема – Сите светови. Еден свет. Архитектура 21 – за што ќе разговара на главното предавање со бразилскиот архитект Carla Juaçaba и португалскиот добитник на наградата Прицкер, Eduardo Souto de Moura.

култцентар_resize

Центарот за култура на Федерацијата на индустрии 

сец_resize

SESC 24 de Maio

Испрати коментар

Scroll To Top