Насловна / Архитектура / Патување низ времето и локалниот контекст во Нова Шкотска, Канада

Патување низ времето и локалниот контекст во Нова Шкотска, Канада

Канадската архитектонска фирма Abbott Brown Architects стои зад проектот за комплекс објекти налик на оние во Хајленд. Извонреден музеј кој ја документира историјата на галската култура на Иона, населено место во округот Викторија, островот Кејп Бретон, Нова Шкотска. Иона е именувана по Јона во Шкотска, која се наоѓа на западниот крај на мостот Бара, рурална средина претежно населена од имигранти кои зборуваат галски од островот Бара во 1802 година.

14

16

17

Центарот за толкување и посетители е дизајниран како нов културен физички портал за да го прикаже традиционалниот живот на фармата во реставрираното историско село на Јона, островот Кејп Бретон. Проектот на Abbott Brown Architects ја отсликува хронолошка нишка која се проткајува низ последователни историски периоди и културни контексти, патување низ времето преку патека која влегува и излегува од низа различни, но повторливи волумени, речиси локално аналогни форми, налик на оние во  селото Хајленд.

4

5

2

3

1

Намерата на Музејот во целина, а особено на новиот Центар, е да го води посетителот по хронолошка нишка што се проткајува низ последователни историски периоди и културни контексти. Градителските тенденции на новиот центар го опишува ова патување низ времето низ патека која навлегува и напушта низа простори на различни, но повторливи функционални единици кои егзистираат во целовитост.

Фасадното обликување на објектот, се состои од рамна природна кедрова обвивка и двоводни покриви на сите четири волумени. Подобрената изолација на покривот, видлива на стреата, е реинтерпретирана во метал и евоцира сламена конструкција, која беше доминантна техника меѓу Галите во Шкотска во времето, кога се појавија првите миграциони струења.

Четвртата функционална единица ги содржи постојните изложбени поставки и генеалошката библиотека. Ова е првиот јавен објект од ваков тип во Нова Шкотска кој се темели на принципите за пасивни куќи кои вклучуваат дополнителна изолација, тројно застаклување со високи перформанси и ултра-ефикасен топлотен систем.

7

8

11

10

9

Како своевидна инверзија на традиционалните црни куќи на Шкотска, и налик на надворешноста на оригиналната локална типологија на црната куќа, комплексот е  обработен од дрвени панели, со што акустичната изолација се удвојува. На локацијата на музејот се наоѓа и реплика на вистинската црна куќа на Хебридите.

20 19 23

Испрати коментар

Scroll To Top