Предизвикот на овој дизајн се состои во радикалното преиспитување на изложбената естетика за познатиот бренд Bulgari во Дубаи. Самиот клиент побарува од студиото Nana, модуларен пристап во дизајнот на елементите на pop-up изложбени „екрани“, со цел да се приспособат ефикасно во различни просторни услови на различни стоковни куќи.
Изложбените експонати се направени од двојно свиткани цврсти површини, кои формираат тродимензионални скулптури како текстура. Панелите имаат дебелина од 12 милиметри и се термоформирани од дрвени шаблони, пред да бидат залепени заедно на бесшевен начин, со цел да служат како елементи за изложување.
Дизајнот се состои од две панелни компоненти со различна големина и искривување, а потоа се мултиплицирани за да ги обликува производите. Секој панел е искривен за 90 степени околу неговата централна оска. Кога ќе се залепат заедно во континуирана површина, создаваат прекрасна игра на светлина и ритам во ентериерот.
Повторливата и воздржана палета на бои е употребена за да ја неутрализира мулти-шареноликата средина на мноштвото производи од брендот, и да создаде различна слика за инсталацијата. Иако расфрлани во просторот, изложбените елементи со меѓусебната поврзаност, визуелно ги водат купувачите од една кон друга понуда во продавницата.