Туристичката компанија Aqua Expeditions во соработка со перуанскиот архитект Жорди Пуиг, реализира проект – хотел Aria Amazon, кој е всушност речен брод за крстарење со пет ѕвезди.
Aria Amazon обезбедува можност за посетителите да се запознаат со убавините на реката Амазон во удобна и луксузна околина. Овој брод е долг 45 метри, и е проект мотивиран од успехот на претходниот брод од овој тип, Aqua Amazon.
Ентериерот е направен во мат црна боја, разигран со големи стаклени површини, кои обезбедуваат убав погледи на Амазон и неговата околина.
Иако бродот е многу простран, со шеснаесет кабини, пријатниот дизајн е постигнат со интимна атмосфера во која се забележува ексклузивноста на патувачкиот хотел на вода.
Aria Amazon на располагање на гостите им овозможува бар, салон, трпезарија, фитнес сала, како и видиковец со џакузи.
На бродот може да се сместат максимум 32 гости и 24 членови од бродскиот екипаж.