Насловна / Вести / Патничка капсула што ќе се движи со брзина од 1.000 километри на час

Патничка капсула што ќе се движи со брзина од 1.000 километри на час

Германскиот автомобилски гигант БМВ, во соработка со компанијата „Вирџин хајперлуп“, со седиште во Калифорнија, подготвува физички прототип на патничка капсула, кој ќе биде претставен на настанот „Сити вок“ во Дубаи, што се организира во рамките на месецот за иновации во Обединетите Арапски Емирати.virgin (4)

Судејќи според објавата на баварскиот бренд, во индина ваквите капсули би се користеле за патување низ вакуумски цевки, при што би се движеле со брзина до 1.080 киломери на час, со помош на електромагнета технологија. Со таква брзина патот од Дубаи до Абу Даби долг 140 километри би траел само 12 минути, пишува „Фокс њуз“. virgin (6)

Следниот чекор на целокупниот процес подразбира преговори меѓу „Вирџин хајперлуп“ со властите одговорни за сообраќајот и патиштата во Дубаи, со цел патувањето со ваквите капсули да стане реалност во текот на следните неколку години.virgin (5)

Капсулата нема прозорци, но нејзината внатрешност е опишана како удобна и практично осмислена. Од безбедносни причини патниците ќе мора да седат во текот на целото патување.

Доколку некој се одлучи за патување со прва класа, ќе ужива во кожени седишта со греење и ладење, како и екран на допир за лична употреба. Се очекува целиот проект да се реализира до 2020 година, а се проценува дека капсулите ќе превезуваат по 10.000 луѓе на еден час.virgin (2) virgin (3) virgin (1)

Испрати коментар

Scroll To Top