Насловна / Вести / „Патека на смртта“ во Кина за зависници од адреналин

„Патека на смртта“ во Кина за зависници од адреналин

Планината Хуашан во Кина е една од петте свети планини на таоизмот. Се наоѓа во близина на градот Xi’ana во провинцијата Shaanxi. Ова подрачје се смета за свето уште од вториот век п.н.е., кога во подножјето на планината е изграден таоистички храм. Оттогаш, на и околу планината живеат аџии и монаси. Од кинески Хуашан се преведува како „Цветна планина“, бидејќи комбинира пет врвови кои со изгледот потсетуваат на форма на цвет, лотос.

10_resize

Планината успеа да ги спои и чајот и адреналинот, бидејќи токму тука се наоѓа најстрашната и најопасната планинска патека на светот, наречена „патека на смртта“, по која туристите стигаат до чајџилница на надморска височина од 2160 метри.

12_resize

Планината има многу возбудливи туристички патеки, тука се и лифтови и жичари, а љубителите на адреналин се искачуваат пеш. Љубопитните патници можат да дојдат до секој од петте врвови на Хуашан.  Но, постои и патеката „позната“ по лоша репутација, а голем број авантуристи токму поради тоа доаѓаат овде, да ја тестираат и да се тестираат. Оваа „патека на смртта“ е премин од северниот врв на Хуашан на јужниот. Некои патници откако го направиле првиот чекор, од ужас буквално се скаменуваат, неспособни да ги помрднат своите вкочанети прсти и да се помрднат. И тоа не е за изненадување.

13_resize

Качувањето по една од најекстремните патеки во светот започнува во подножјето на Хуашан со скали издлабени директно во самата планина, кои речиси вертикално се искачуваат по сртот. Но, искачувањето на планината не завршува со оваа камена патека. За оние кои сакаат да стигнат до јужната страна на врвот, понатамошното патување е поопасно. Откако ќе ја совладаат планинската падина по „небсните скали“ издлабена во камен, патниците ќе дојдат до нејзиното екстремно продолжение – пат направен од дрвени даски. На туристите кои ова не можат да го совладаат им се нуди да стигнат до јужниот врв со специјална жичара.

14_resize

1_resize

0_resize

Целата опасност на „патот на смртта“ лежи во фактот што е направен од тесни штици што буквално висат над бездна. Покрај патеката на карпите се поставени ланци како ракохват, кој се појавиле релативно неодамна, пред 700 години, предходно луѓето се искачувале на планината само на груби даски.

Според непотврдени податоци, од овие патеки годишно паѓаат и до 100 луѓе.

21_resize

Дали сакате да пиете чај на планина на висина 2160 метри? Што велите за наплив на адреналин со постојан страв од смрт? Доколку се согласувате со тоа, тогаш треба да ја посетите најопасната планинарска патека на светот.

5_resize

11_resize

18_resize

20_resize

2_resize

01_resize

4_resize

9_resize

8_resize

7_resize

15_resize

Испрати коментар

Scroll To Top