Насловна / Архитектура / „Патека на перспективи“ на Snøhetta над Инсбурк

„Патека на перспективи“ на Snøhetta над Инсбурк

Доживувањето на драматичниот планински хоризонт кој се издига над градскиот урбан пејзаж не е задоволство само за планинарите. Град во планина, планина во град – синергии што се надополнуваат. Секојдневната градска врева се чини далечна, иако се наоѓа на само неколку минути возење. Пешачењето под врвовите на еден од најпознатите планински венци го овозможи проектот наречен „Патека на перспективи“. Панорамската патека и објектите на планинскиот венец Нордкете кај Инсбурк, Австрија се дело на бирото Snøhetta.

10

Нордкете е дел од алпскиот парк на природата Карвендел, еден од најголемите недопрени заштитени пејзажи во Централна Европа. Се наоѓа на најјужниот дел од овој планински венец и претставува симбол на Инсбрук. Градот е прошаран со жичарници кои овозможуваат пристап до „онаа другата страна на градот“, со поглед на нерамниот алпски терен на планината Нордкете. „Патека на перспективи“ означува пешачка патека долга 2,8 километри која нуди можност да се доживеат прекрасни планински пејзажи од малку поинаков агол.

1

4

„Патека на перспективи“ може да се опише и како показател на специфичен начин на сфаќање на просторот, како пристап кон архитектурата кој станува составен дел на пејзажот. Оваа филозофија ги инспирирала архитектите да создадат низа мали, и како што велат, елегантно проектирани дизајнерски „гестови“ кои се вклопуваат во постоечкиот амбиент. Структурите, односно архитектонски елементи, поставени се по должината на патеката на неколку различни локации така за да се воспостави совршен баланс на природата и човечкиот траг на надморска височина од 1.905 метри. Секој архитектонски елемент, а ги има вкупно десет, има своја посебна форма и е осмислено поставен на различни надморски височини со цел да биде место за одмор, социјална интеракција, релаксација и се разбира, да обезбеди зачудувачки визури.

5

8

На овој начин се истакнува секој дел од алпскиот пејзаж, а погледот се насочува од општото кон посебното, при што се нагласува топографијата со сите нејзини уникатни форми и површини. Самостојните елементи се всушност составен дел на целината кои овозможуваат комуникација, ја дефинираат опременоста и функционалноста, а во исто време претставуваат и уметнички дела чие присуство ги одредува целите на движење по патеката. Тие исто така се и важни точки, односно репери.

9

2

3

7

6

11 12

Испрати коментар

Scroll To Top