Насловна / Арт и дизајн / Пeтар Лубарда во МСУ, Скопје – не подарок на дела, туку подарок на ремек-дела

Пeтар Лубарда во МСУ, Скопје – не подарок на дела, туку подарок на ремек-дела

На големиот сликар Петар Лубарда и неговото резонантно творештво ќе биде посветен месецов со извонредната изложба која вчера се отвори во Музејот на современа уметност – МСУ во Скопје. Делата на Лубарда се изложени во Скопје четврти пат. Последен пат биле изложени во сега веќе далечната 1998 година, исто така во МСУ заедно со делата на Петар Мазев. Не смее да заборавиме дека во Скопје е и едно од неговите најимпозантни дела „Раѓање на езерото“ од 1971 година. Делото го краси холот на Домот на АРМ.

0

 „Раѓање на езерото“

Првите контакти на Петар Лубарда со Скопје, се остварени преку еден од основоположниците на модерната македонска уметност, Никола Мартиноски со кого се запознал во Париз. Пред Втората светска војна Мартиноски и Лубарда заедно излагале уште на пролетните изложби на југословенски уметници во Белград. Првите слики на Лубарда во Скопје потекнуваат токму од овој предвоен период и тоа се неколку дела што биле во приватната колекција на Мартиноски. Она што е важно за Скопје е и неговата голема улога во формирањето на колекцијата на МСУ. Човекот кој ги сакал луѓето, бил чувствителен, енпатичен и хуман, една јулкска вечер 1963 година одржувал изложба во Ниш.

1

„Мотив од Индија“, 1963

Имал 56 години и бил во полна сликарска снага. Еден новинар по повод катастрофалниот земјотрес во нашиот град му поставил прашање: „Што би направиле за нашето убаво Скопје“? „Единствено што можам да направам тоа е – сето ова“. Ги рашири рацете покажувајќи на поставката во Ниш. Во октомври истата година ги подарил сите 26 дела од неговата изложба во Ниш, кои веднаш биле претставени на изложба во Скопје. Со тоа тој станал меѓу најголемите дарители на МСУ. Во својата колекција Музејот има 52 дела, меѓу кои 40 слики масла на платно и лесонит, два акварела и десет цртежи. Сите тие се претставени на една од најдобрите изложби во последно време во Скопје, која е нешто што мора да се види. Изложбата е заедничка соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир Јанчевски. Соработници на проектот се конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

334440774_715735120197555_2509066953231474593_n

„Разурнат град“, 1963

„Особено важно за нас е и тоа што Лубарда не само што ја збогати колекцијата на МСУ со своите дела и значењето на донацијата на делата од изложбата како целина, туку тоа што меѓу сите репрезентативни дела се наоѓа и делото „Разурнат град“ од 1963 година, слика посветена на Скопје, како сведоштво за катастрофата“, велат кураторите.

Сеќавањето за хуманоста на Лубарда пред шест децении станува показател за „културата на сеќавањето“ генерално, а со тоа и сеќавање на уметникот – човекот и неговиот хуман и човечки гест, а значајно е и што подарокт претставува не подарок на дела, туку подарок на ремек-дела.

02

„Зелен змеј“, 1965

Петар Лубарда (Љуботињ, кај Цетиње, 1907 – Белград, 1974). Студиите по сликарство ги започнал во 1925 година на Уметничката школа во Белград, а продолжил накратко во Париз во 1926 година на Академијата за убави уметности. Во Црна Гора се вратил во 1932 година и истата година дошол во Белград. Во Париз престојува по втор пат од 1938 до 1940 година. Првата самостојна изложба ја имал 1925. во Никшиќ, а пота 1927. и 1929. во Париз и Рим. Од 1927. година учествувал на многубројни колективни изложби во земјата и странство.

2

„Косовска битка“, 1953

Воените години од 1941. до 1944. ги поминал во заробеништво во логори во Германија и Италија.

Од 1945 година работи како професор на Ликовната академија во Белград. Во 1946 година заминал на Цетиње, каде што учествувал во формирањето на првите стручни уметнички институции во Црна Гора: на Цетиње е отворено Уметничко училиште, каде што бил предавач и директор. Училиштето во 1947-1948 година се преселува во Херцег Нови. Во 1950 година се вратил во Белград, каде останал до крајот на животот. 1961. година станува редовен член на Српската академија на науки и уметности – САНУ. Починал на 13.02.1974 година, погребан е во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. Неговата куќа на Дедиње каде живеел, претворена е во легат (Легат ателје на Петар Лубарда). Во 1997 година е востановена најголемата награда „Петар Лубарда“, која се доделува за ликовна уметност во Црна Гора.

04

„Медитеран“, 1952

Сликарскиот пат на големиот уметник започнува таму каде што е роден – во црногорскиот карст и ридовите кои трајно му останале врежани во творечката меморија. Практично, во сè што насликал, како пластична матрица може да се идентификува тој прв визуелен пејзаж што го опкружувал од раѓање. Како во секој од подоцнежните познати циклуси да се навраќал на линиите, облиците и колоритот на пејзажот што ги понел и ги носел со себе каде и да одел.

l1

„Полип“, 1950

Како уметник со единствена естетска визија, нераскинливо поврзан со традицијата и поднебјето од кое потекнува, а истовремено и иницијатор на нови уметнички тенденции, Лубарда, со своето творештво го отворил патот на сликарството со апстрактна ориентација.

„Јас сум јас и го сликам светот по своја волја. Го разбранувам морето, да се пени како шампањ. Ги расклопувам бреговите. Црвените карпи на карстниот пејзаж, сините сенки напладне, жолтиот страв од смртта, белиот крик на галебите, се се тоа се боите на мојата палета“, говорел Лубарда. Неговите дела се урамнотежени, здрави и силни, тој е поет на епска драматика. Делата на овој генијален сликар се оставштина за сонување и антологија на современата светска уметност. Оставштина за опсежни настани и за осамени талкачи, проткаена со силна оригиналност. Добитник е на Гран при за сликарство на Светската изложба во Париз, 1937. година. Не случајно добил Интернационална откупна награда на Биеналето во Сао Паоло, 1953 година. Едногласно ја добил наградата оставајќи ги зад себе Дали, Мур и Пикасо. Последниот го победил уште еднаш, две години подоцна на Биеналето во Токио.  „Бев во Сао Паоло, ги прегледав сите павилјони и можам да ти кажам, без лажна скромност, дека немам многу силна конкуренција, одвојувајќи го Пикасо и понешто од него (сега сигурно се смееш како Лубарда станал вообразен!). Без шега, изгледаат многу добро, бидејќи првпат ги гледам вака комплетно изложени во еден соодветен амбиент…“ Ова е дел од писмото кое Лубарда го испратил во декември 1953 година на неговиот голем пријател, познатиот југословенски ликовен критичар Ото Бихали Мерин.

Изложбата ќе биде отворена до 31 март 2023 година.

ll

4

„Корида“, 1955

03

„Пејзаж“, 1960

nn

Испрати коментар

Scroll To Top