Шведското дизајнерско студио GRUPPE, за неделата на дизајн во Лондон (Clerkenwell Design Week 2015) дизајнираше инсталација составена од разнобојни блокови во пастелни бои. Блоковите може да се групираат меѓусебно, со што создаваат „мал град“ поставен на лондонските улици. Инсталацијата е наречена Vita Contemplativa и може да се види на повеќе места во Лондон во различна поставеност на блоковите.