Градот Sonnenschiff во германската покраина Freiburg во целост ги користи обновливите извори на енергија. Сите куќи во овој град се согласно стандардот за пасивни куќи (Passivhaus standard), односно имаaт минимални потреби од енергија, и поседуваат соларни панели на покривите. На овој начин не само што ја обезбедуваат сопствената енергија, туку произведуваат четири пати повеќе.
Интересно е дека соларните панели се интегрирани во самиот дизајн на објектот. Со цел да се избегне монотонијата на соларните покриви, и да се обезбеди заштита на животната средина, проектирани се зелени фасади и градини на покривите.