Завршува фазата на партерно уредување во централното градско подрачје во Општина Битола, која ја опфати пешачката патека на потегот од поранешна општина до средна стокова и зафаќа површина од 1.200 метри квадратни, со инвестиција од 1,2 милиони денари.
„Го уредуваме овој простор, кој е дел од еден поголем тендер што изнесува над девет милиони денари. Со овој тендер се санирани голем дел од пристапите во училиштата, градинките, парковите, пешачките патеки, тротоарите, дел од мостовите и овде е завршната фаза. Сакам да најавам дека од денес со подобрувањето на временските услови за работа, започнуваме и со крпење на улиците. Оваа зима имавме голема разлика во температурите, а со тоа голем дел од нашата патна инфраструктура е уништен и е потребна санација“, изјави градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.