Насловна / Вести / Парламентарците од регионот со поддршка на GIZ ORF-EE во задвижување на енергетската транзиција

Парламентарците од регионот со поддршка на GIZ ORF-EE во задвижување на енергетската транзиција

GIZ отворениот фонд за Југоисточна Европа – енергетска ефикасност (GIZ ORF-EE) во изминатите осум години со низа проекти воспостави силно партнерство и соработка со парламентарците во регионот. Поддржувајќи ја работата на парламентарците преку регионална платформа за размена на знаења и искуства во областа на енергетската ефикасност, климатските промени и урбаната мобилност, GIZ ORF-EE во име на Владата на Германија придонесува не само за креирање и донесување политики во овие области, туку им помага на земјите да започнат процес на енергетска транзиција. Од Македонија, член на оваа група е пратеничката Лилјана Затуроска во својство на претседател на комисијата за транспорт и врски и екологија. Во својата изјава за порталот BalkanGreenEnergyNews таа истакнува дека соработката е посебно изразена во однос на проблемите со урбаната мобилност во Скопје и Битола, и дека препораките од т.н Бела книга со внимание се аналзирани на предметната собраниска комисија со цел алоцирање на средства од буџетот за подобрување на состојбите во оваа сфера.

giz3

giz1

giz2

Испрати коментар

Scroll To Top