Данското архитектонско студио КОБ го најави завршувањето на паркот на Операта во Копенхаген, Данска. Романтична градина, сместена помеѓу Кралската данска опера и островот што наскоро треба да биде завршена, нуди зелено прибежиште од градскиот метеж.
Во време на интензивна градежна активност низ Копенхаген, зелените рекреативни простори стануваат сè поретки. Сепак, во срцето на густиот и историски центар на градот, една од најдобрите локации на внатрешното пристаниште е трансформирана во урбана, шума парк-остров, со шест градини и сегмент на стаклена градина.
Во 2019 година, по распишување на архитектонски конкурс, Фондацијата A.P. Møller го назначи данското архитектонско студио КОБ да го изработи проектот за нов парк на поранешен индустриски остров во внатрешноста на Копенхаген. Пред речиси 20 години веднаш до Кралската данска опера, локацијата беше скромен тревник.
Островот кој инаку претставуваше потенцијално место за развој на станбената зона на градот, сега е дом на комплексен и разновиден екосистем . Оваа нова јавна површина создава зелен контрапункт на онака густо изграденото урбано јадро на Копенхаген.
Паркот, со големина на три фудбалски игралишта, се состои од шест градини од различни делови на светот: северноамериканската шума, данската дабова шума, нордиската шума, ориенталната градина, англиската градина и суптропската градина сместени во стаклена градина и атриум во центарот. Различните градини содржат различна урбана опрема и времени објекти како што се фонтана, езерце со воден крин и базен што се отсликува каде капките вода од јарболот нежно удираат на површината на водата во смирувачки ритам. Меандрирани патеки и органски обликувани цветни леи ги спојуваат елементите на паркот.
„Паркот на операта е место каде што природата го има приматот наспроти забрзаниот урбан развој на Копенхаген. Со своите шест градини, кривулести патеки и внимателно избрани центри за социјализација и одмор, проектот инкорпорира елементи од историските, романтични градини во Копенхаген за да се справи со денешните предизвици како недостатокот од биолошката разновидност и управувањето со водите. Дизајниран за рекреација, релаксација и размислување, паркот му ја обезбедува на градот неопходна зелена оаза. Додека се шетате низ паркот, добивате чувство дека сте го напуштиле градот и сте припоени кон природата, речиси заборавајќи дека сте среде густиот центар на градот“ – изјави Ден Стубергард, основач на КОБ и професор на Харвард.
Реализиран да биде привлечна јавна атракција во текот на целата година, паркот содржи не помалку од 628 дрвја, 80.000 тревни повеќегодишни растенија и грмушки и 40.000 луковици од целиот свет. Вкупно, 223 уникатни егзотични и локални видови обезбедуваат живописна и постојано променлива атмосфера за посетителите. Изгледот, мирисот, бојата и густината на вегетацијата варираат во зависност од годишните времиња. Пролетта цвета во богата палета на бои, летото носи различни нијанси на зелена, есента ги прикажува црвените и жолтите тонови, а зимата доминира со зимзелени борови и замрзнати езерца. Широката разновидност на растителни видови и разновидноста на големини обезбедуваат богата средина за птиците и инсектите да најдат храна и засолниште.
Паркот на операта ја поставува сцената за искусување на природата во срцето на Копенхаген. Како оперска сцена, паркот е составен пејзаж со преден план, средиште и позадина. 80.000 растенија и над 600 дрвја се поставени за природно да создадат живописен амбиент свртен кон пристаништето. Теренот и дрвјата се највисоки таму каде што ја создаваат позадината, а најниски во преден план е кон пристаништето“.
Покрај градините, паркот располага со централна стаклена градина со кафуле, што овозможува пристап до паркинг за автомобили под котата на паркот. Стаклената градина е обликувана како органска структура со лебдечки покрив, наменета да ги воодушеви посетителите додека се движат низ пејзажот. Стаклена градина и кафуле ќе се погрижат паркот да прерасне во примамливо катче во текот на целата година, дури и во текот на зимата кога многу од зелените површини во Копенхаген се пусти. Во внатрешноста, стаклената тераса се спушта до нивоата за паркирање, кои имаат капацитет до 300 автомобили, додека нејзиниот суптропски биотоп се нивелира за да го спои паркот со подземните нивоа.
Паркот, исто така, располага со покриена врска со соседниот објект преку мост, овозможувајќи непречено движење од временски услови помеѓу паркингот и Операта. Пресликувајќи ја архитектурата на стаклена градина, заобленото стакло на патеката и лебдечкиот покрив го евоцираат дизајнот на пејзажот во неговата меандрирана патека. Како еден од трите моста на островот, врската е всушност парче природа што го преминува пристанишниот канал, целосно интегрирајќи ги пејзажот и архитектурата во едно.
Дождовницата се смета за вреден ресурс за паркот, канализирана од покривот на Кралската данска опера во подземни резервоари за вода што се користат за наводнување. Патеките се дизајнирани со пропустлива површина од чакал, а вишокот на дождовница се собира во дождовните легла. Зелените покриви на мостот и стаклена градина го одложуваат испуштањето на дождовницата до локацијата додека служат и како извор на храна за фауната на паркот. Соларните панели на покривот на операта обезбедуваат енергија за подземниот паркинг, паркот и стаклена градина. Избраните материјали целосно се рециклираат, додека изобилството на дрвја и насади штитат од ветрови што доаѓаат од пристаништето и морето, намалувајќи ги турбуленциите и зголемувајќи го нивото на комфор за корисниците на паркот.
Паркот на операта беше отворен за јавноста на 27 октомври 2023 година и може да се пристапи бесплатно. Паркот е отворен секој ден од 7:00 до 23:00 часот во текот на целата година и е донација од Фондацијата A.P. Moller како јавен рекреативен простор во Копенхаген.