Загребскиот парк Максимир е вброен меѓу наубавите дестинации во Европа. Туристичкиот портал europeanbestdestinations.org го рангираше овој парк на четврто место во Европа, веднаш по парискиот, мадридскиот и лондонскиот парк.
Во описот на Максимир се вели дека, и покрај малата површина, паркот е засолниште на многу растителни и животински видови.
Се истакнуваат столетните дабови и над стотина видови птици. Освен шума, на Максимир ќе видите и ливади, езера и потоци и разновиден жив свет.
Пред Максимир на листат се Parc des Buttes Chaumont во Париз, El Retiro во Мадрид, и лондонскиот Hyde Park.