Паркот „Краснодар“ (неофицијално „Паркот Галицки“) е градски парк лоциран во североисточниот дел на центарот на Краснодар во Kубанската областа, Русија, веднаш до стадионот на ФК Краснодар.
Паркот е изграден со средства на претприемачот Сергеј Галицки и е отворен на 28 септември 2017 година на површината од 22,7 хектари. Во паркот проектиран за 1800 посетители, засадени се повеќе од 2,5 илјади дрвја: дабови, габери, бонсаи, тополи, борови, лалиња, јавор, туја, сливи.
Претходно, на местото на сегашниот парк имало цветен пазар и земјоделски површини. Проектот е изработен од германското архитектонско биро GMP International, кое е проектант на спортски арени во Краснодар, Сочи, Берлин, Киев, како и во Бразил и Јужна Африка. Изградбата на паркот започнала во есента 2016 година. Според груби проценки, изградбата го чинела Сергеј Галицки околу 61,8 милиони долари.
Паркот е многу популарна дестинација за слободно време, прошетки, спорт и рекреација на отворено.
Проектот претставува продолжение на фудбалската арена во форма и содржина: низа кругови и кривини кои можат да се видат како графичка слика од кружните патеки на стадионот се трансформираат во модерен, жив, уреден парк. Систем на кривулести патека води низ различни области за спортски настани и рекреација кои се прелеваат едни во други.
Тоа вклучува пространи рампи и отворени скали кои исто така се користат како трибини за сценски и филмски изведби, амфитеатар, водени површини кои се претвораат во лизгалишта во зима, како и широк избор на објекти за игри и спортски објекти со еден од најсовременит скејтпаркови во Русија. Во центарот на паркот, рампа во форма на спирала води до видиковец.
Природен камен со светли бои на патеките и структурите коренсподира со материјалите и боите што се користени за стадионот, така што архитектурата и паркот се претопуваат во едно. Кружните могили исполнуваат и логистички функции за функционирање на стадионот.
Под извајаниот пејзаж се скриени технички објекти за стадионот, како и простории за јавни функции како ресторани, тоалети и соблекувални кои ги опслужуваат бините на отворено.
Пејзажот е моделиран со вертикални разлики до шест метри и се издигнува кон границата на паркот, со што се обезбедува преглед од околните патишта. Во исто време, шеталиштето на врвот овозможува поглед на стадионот и низ целиот парк.