ODB Arquitectos го комплетираше паркот Guácaras Food and Drinks Park во Santa Ana de los Guácaras, Кориентес, Аргентина.
Објектот се наоѓа во малиот град Santa Ana de los Guácaras, кој е блиску до Кориентес, главниот град на провинцијата. Малите, семејни земјоделства историски биле примарен извор на продуктивност во областа. Сепак, користењето на земјиштето се променило во текот на изминатите триесет години.
Поради ова руралните парцели се делат, а почнуваат да се појавуваат и станбени четврти од затворен тип со мала густина. Зголемената просторна фрагментација предизвикана од овие урбано-рурални трансформации резултирала со прекин на руралните патишта кои порано обезбедуваа неограничен пристап до живописните области и воднените површини. Јавните простори настрадале како резултат на зголемувањето на приватизираниот простор.
Користејќи ја можноста за некои архитектонски зафати за подобрување на урбаниот и јавниот простор, приватна нарачка во овој случај имала за цел да го „урбанизира приватното“.
Проектот, кој црпел инспирација од визијата на архитектот Manuel de Solà-Morales, се концентрирал на развивање приватни простори за собирања, одмор и рекреација со намера да ги вклучи во урбаното ткиво и да ги претвори во активен елемент на јавниот живот.
Со поттикнување на физичката и сензорната поврзаност, архитектонската стратегија ги брише границите помеѓу јавниот и приватниот простор, олеснувајќи го протокот на пешаци и интеграцијата на градот.
Парцелата е триаголно земјиште без вегетација во првенствено станбена населба и се наоѓа на влезот во урбаниот центар на Santa Ana.
Задачата била да се создаде парк за штандови со храна со различни кулинарски идеи и сите капацитети и услуги потребни за гостите.
Неколку постоечки услови, како што се видливите и физичките патеки што минувале низ локацијата, исто така со проектот требало да се решат. Соседите ја користеле парцелата како пешачки премин, а автомобилите како „голема косина “ на раскрсница со опасен агол.
Проектот е конфигуриран како отворен плоштад на кој се сместени штандови со храна и комерцијални услуги, олеснувајќи го преминот на пешаци и визуелниот континуитет за возилата, истовремено промовирајќи престој и средби.
Голема дрвена затегната пергола, ослонета на шини извлечени од историската железница, го дефинира просторот за средби и обезбедува сенка, заштитувајќи од интензивното сончево зрачење на терен без природна сенка.