Насловна / Вести / Паркирањето во катната гаража спроти ГТЦ ќе започне во месец јуни

Паркирањето во катната гаража спроти ГТЦ ќе започне во месец јуни

C8CA38FC2D76754E85E80D2ACCFA0651
Од јуни граѓаните ќе можат да се паркираат во катната гаража кај Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“. АД за стопанисување со станбен и деловен простор привршува со изградбата на гаражата. Во тек се финалните зафати за изведба на паркинг-просторот, како и застаклувањето на надворешниот дел на објектот.
Катната гаража кај Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ почна да се гради во 2011 година. Зафаќа површина од 23.000 квадратни метри, од кои 70 отсто се наменети за паркирање, а останатите 30 отсто се деловен простор. Објектот е поделен на две ламели.

Првата ламела е наменета за деловен простор со подземно ниво, приземје и пет ката, додека гаражата ќе има еден подземен кат, приземје и девет ката, и ќе биде со капацитет за 516 паркинг-места. Изградбата на оваа катна гаража чини осум милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top