Насловна / Вести / Паркирањето на џипови во Париз, од септември три пати поскапо

Паркирањето на џипови во Париз, од септември три пати поскапо

На референдумот одржан во неделата, 54,6% од излезените граѓани на Париз гласале за воведување на посебен надоместок за паркирање на спортско – теренските возила. Градоначалничката на Париз Ан Идалго, претходно оценила сека ова зголемување на цената на паркингот значи еден вид на „социјална правда“, со оглед дека таргетирани се побогатите чии возила се поголеми загадувачи. Тарифите за паркирање ќе бидат променети ан почетокот на септември. На референдумот е одлучено цената за паркирање на џиповите да биде 18 евра на час за центарот на Париз и 12 евра на час за остатокот од градот. Притоа опфатени се возилата со маса поголема од 1,6 тони со мотори со внатрешно согорување, како и хибридните возила и возилата на електричен погон со маса поголема од 2 тони. Мерката не се однесува за паркинг за жителите на Париз.

pour1

Инаку, француската престолнина минатата година исто така преку референдум воведе забрана за изнајмување на електрични тротинети. Во текот на мандатот на актуелната градоначалничка, изградени се 84 километри велосипедски патеки, а бројот на корисници ан велосипеди се зголемил за 71%. Со овие активности, како и со зголемувањето ан цените на паркингот, но и постепената забрана за дизел возила, градот се обидува да промовира одржливи решенија за транспорт и да го подобри кавлитетот на воздухот.

pour2

 

Испрати коментар

Scroll To Top