По осумгодишен период, со многу експерименти и финансиски проблеми, еден брачен пар и нивната компанија Solar Roadway се креатори на првиот паркинг прекриен со соларни панели. Покрај тоа што произведуваат електрична енергија, овие панели служат за напојување на LED осветлувањето на паркингот, односно системот за топење на снег и мраз. Целиот соларен систем е покриен со исклучително механички отпорно стакло, и има можност да ги собира и атмосферските води.