Берлинското биро Mono Architekten комбинирало перфорирана бетонска кула со видиковец и со паркинг на кој се наоѓа јавен парк за да се создаде нов влез во градот Нојенбирг, Германија.
Сместен блиску до границата со Франција и Швајцарија, проектот е поставен помеѓу самиот град и неодамна обновените зелени површини Stadtpark am Wuhrloch, место на средби кое претходно било тешко да се помине поради висинската разлика од девет метри.
Премостувајќи ги овие два услови, Mono Architekten настојувале да ја надополнат функционалната потреба за паркинг со 231 место со повеќе јавни објекти, вклучувајќи нов јавен плоштад и 36 метри висока кула за набљудување.
„Целта беше да се развијат независни типологии од функционалните барања за паркирање и пристап до градскиот парк без бариери“, изјави за Dezeen коосновачот на Mono, André Schmidt: „Заедно тие создаваат урбана целина која формира идентитет“, продолжува.
„Така, кровот на гаражата е проектиран како јавен плоштад – Münsterplatz – а вертикалната структура за пристап до градскиот парк проектирана е како кула – Bertholdturm – со јавно достапна платформа за набљудување“.
Користејќи ја промената на нивоата на локацијата како предност, новиот паркинг го исполнува нивото на градот за да му овозможи неприметно да се поврзе со новиот јавен плоштад, на кој има садници и поплочени места за седење.
Две спирални рампи на двата краја на паркингот обезбедуваат пристап за возила, додека периметарот на конструкцијата се закривува во пресрет на постојниот пат со неговата перфорирана бетонска фасада.
Во блиската кула за набљудување, јадрото на лифтот го поврзува влезот на приземјето со кровот, каде погледите од 360 степени на пејзажот се придружени со кортен челични панели на парапетот кои детално ги опишуваат знаменитостите и нивните растојанија.
Мост од кортен челик го поврзува покривот на паркингот со горниот влез во кулата, а во иднина постои план да се продолжи овој мост за да се создаде рампа до соседниот парк, создавајќи пат без скали и пристапна рута помеѓу него и градот.
Двете структури се обединети со надворешната обработка, со блокови од набиен бетон распореден за да создаде квадратни перфорации што овозможуваат слободно струење на воздухот.
„Седиментно набиените бетонски слоеви на влезот во градот се инспирирани од поранешната локација на градот на бреговите на Рајна“, вели Schmidt и додава: „Црвенкастата пигментација е во склад со песочникот кој традиционално се користи во оваа област. Монолитната конструкција го нагласува архаичниот карактер на градбите“.