Насловна / Вести / Парк во Полска кој ги комбинира рекреативните, едукативните и социјалните функции

Парк во Полска кој ги комбинира рекреативните, едукативните и социјалните функции

Паркот Jaworek во градот Tychy во Полска е простор со површина од 7874 квадратни метри кој го комбинира природниот пејзаж со модерни рекреативни решенија. Локалитетот бил неизграден, опкружен со патеки и мали дрвја. Во близина на локацијата се наоѓа рид за санкање.

Архитектите од полското биро RS+ Robert Skitek ја поделиле областа во две зони: игралиште во вода и природно игралиште, користејќи ги постоечките пешачки патеки. Воденото игралиште е сместено во котлина опкружена со ридови, кое по формата потсетува на блискиот рид за санкање. Овие ридови обезбедуваат природна заштита на блиските згради од бучавата на детската игра.

Мостовите, кои висат над базенот, служат за комуникација, поврзувајќи ги јужните и северните делови на локацијата, а истовремено нудат и место за набљудување. Во вдлабнатина се наоѓа шарена водена атракција, околу која се поставени дрвени гарнитури за седење. Овие седишта го дефинираат просторот за игра во водата и служат и како места за одмор за децата и возраните. На една од падините околу игралиштето дискретно е сместена техничка зграда за водените објекти.

Во вториот дел од локацијата проектирано е природно игралиште, каде доминираат материјали како дрво, штици, чакал, песок, чипс и јаже од јута. Предвидени се структури за играње и едукативни елементи направени од природни материјали.

Кривулестите патеки, опкружени со внимателно дизајнирано зеленило, водат низ областа, надополнети со дождовни градини кои го поддржуваат природниот циклус на водата и ја подобруваат биолошката разновидност. Целиот проект создава карактеристичен простор кој ги комбинира рекреативните, едукативните и социјалните функции.

Испрати коментар

Scroll To Top