Од денеска почна акцијата за уредување на парк шумата „Гази Баба“ во делот што гравитира кон општина Чаир.
Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ ќе ја расчистуваат дивоизградената вегетација, а ќе се гради и нова трим патека што ќе се протега од Природно-математичкиот факултет кон населбата Железара.
Трим патеката ќе биде долга 1.100 метри, а широка од 2,6 до 3 метри, во зависност од условите на теренот. Ќе се постават клупи и корпи за отпадоци, а ќе се уредат и три пунктови со фитнес реквизити, видиковци, игралишта за деца и фонтана за пиење вода. Дополнително, покрај куќите, ќе се уреди и уште една трим-патека со должина од околу 600 метри, која ќе биде осветлена.
За уредувањето, Градот Скопје ќе вложи околу четири милиони денари.