Фондот на реката Хадсон најави проект за поставување на бујно јавно зеленило на платформа над реката Хадсон, која се наоѓа на западната страна од Њујорк.
Позната како Пјер 55, оваа платформа над оштетената Пјер 54 ќе биде издигната како вистинска шума на вода составена од 300 расцутени дрвца со различни висини.
Протегајќи се на 2,5 хектари, овој парк ќе се издигне на 186 метри над површината на водата, при што ќе има и три места за перформанси, со прекрасни панорамски видици кон градот.
Цената за изведба на овој парк се проценува на 130 милиони долари како најголема донација во историјата на овој град доделена од бизнисменот Barry Diller и познатата модна дизајнерка Diane Von Furstenberg.
Замислен како јавно-приватно партнерство овој проект беше првично поттикнат за обновување на стариот Пјер 54, но потоа се роди идејата за комплетно нов простор.
Проектот е настанат како соработка помеѓу проектантите Thomas Heatherwick и Mathews Neilsen. Во исчекување на одобрение од фондот, градските и државните регулаторни органи, изградбата на овој парк е закажана за 2016 година.