Насловна / Вести / Парижаните гласаа за забрана на јавните електрични скутери на улиците

Парижаните гласаа за забрана на јавните електрични скутери на улиците

Парижаните изгласаа од улиците на француската престолнина да се тргнат електричните скутери за изнајмување, со високо мнозинство од 90% гласови. Париз беше пионер кога во 2018 година воведе електрични скутери или тротинети, бидејќи градските власти настојуваа да ги промовираат видовите на јавен превоз кои не ја загадуваат околината. Но со оглед дека на овие возила на две тркала им растеше популарноста, посебно меѓу младите, така растеше и бројот на несреќи – во 2022 гоидна три лица го загубиле животот а 459 се повредени во несреќи со е-скутери во Париз.

escooters1

Париз има речиси 15.000 е-скутери. Противниците на овие превозни средства тврдат дека корисниците на е-скутери не ги почитуваат правилата во сообраќајот и често предизвикуваат несреќи.

escooters2

 

Испрати коментар

Scroll To Top