Пред неколку дена, градските власти на Париз со мнозинство гласови донеле одлука за изградба на првиот облакодер (во последните 40 години). Перипетиите околу одлуката за изградба на облакодерот, по неколкумесечните преговори дојдоа до својот крај.
Имено, на седницата на градските власти на Париз, со 87 гласа за и 74 гласа против било одлучено дека Париз, сепак, ќе добие облакодер висок 180 метри во облик на триаголник. Дизајнот на контроверзниот проект, кој сега е во завршна фаза, е доверен на познатата архитектонска фирма Herzog & de Meuron.
Парискиот триаголен облакодер-кула ќе биде лоциран во 15. париски арондисман и ќе содржи хотел со 120 соби, деловен простор, но исто така и различни простори со уметничка намена. Новиот објект ќе стане еден од трите највисоки облакодери на Париз и така ќе се приклучи на кулата Монпарнас и Ајфеловата кула, и значително ќе ја смени романтичната визија на Градот на светлината.