Париз утре ќе биде побогат со нова модерна концертна сала. Ултрамодерна, повеќеслојна и со интересен дизајн, концертната сала е работена по проект на водечкиот француски архитект Жан Нувел.
Се наоѓа во североисточниот дел од Париз за да дојде нејзиниот дизајн целосно до израз, пренесуваат француски медиуми.
Во неа има 2.400 седишта. Салата има исклучителна акустика.
За реализација на проектот биле потребни осум години и 386 милиони евра. На утрешниот концерт се очекува и присуство на претседателот на Франција.