Кој вели дека уметноста и спортот не одат заедно? High street брендот Pigalle во Париз се здружи со креативната агенција Ill-Studio и создаде спектакуларно шарено кошаркарско игралиште инспирирано од делата на рускиот авангарден уметник Казимир Малевич, поточно со сликата на силуетите на четворица спортисти во контрастни вибрирачки бои.
Ill-Studio ја деконструира сликата употребувајќи ги нејзините живописни бои, кои ги „излеале” по целиот терен, и на тој начин во урбаниот амбиент внесле здив на некогашната авангарда.
Тоа е терен кој уште во 2009 година го изградил основачот на брендот Pigalle, Stephane Ashpool, а минатата година игралиштето било подложно на уметничко реновирање.
Според Ill-Studio, сликата на спортисти од Малевич е нивната омилена слика на сите времиња и токму впечатливите светли бои и графичката композиција се она што сакале да го пренесат на игралиштето.