Во рамките на програмата „Париз дише“ (Paris respire), чија цел е намалување на загадувањето во главниот град на Франција, покрената е акција за претворање на Авенијата Шанзелизе (Avenue des Champs Elysées) во пешачка зона и тоа секоја прва недела во месецот. Акцијата веќе се спроведува од 8 мај годинава, при што два километри долгата авенија е затворена за сообраќај и отстапена е на пешаците.
Ова е само една во низата акции кои ги спроведува градот во насока на намалување на загадувањето. Минатата година покрената е акција за намалување на бројот на автомобили во четири арондисмани (квартови), а најавено е запирање на користењето на дизел возилата, како и користење на електрични и хибридни возила во улиците со големо загадување.