Историјата на препознатливите бистроа со тераси започнала уште во 17 век, односно во 1686 година и тоа во најстарото бистро Le Procope во Париз, сместено во 6-ти арондисман.
Бистро Le Procope во Париз
Тогашната елита се собирала таму за да дискутираат на разни теми. Бистроата и нивните тераси го издржале тестот на времето и се одржале низ следните векови како клучни забавни и интелектуални места во Париз, за да својот врв на популарност го доживеат во 20 век.
Денес, сопствениците на бистроа и кафулиња со тераси, кои се составен дел на парискиот начин на живот, бараат од „Унеско“ нивните специфични објекти да бидат признаени како загрозени објекти со пошироки вредности, и да бидат ставени на листата на заштитени нематеријални културни богатства.
Како што велат, бистроата имаат клучна улога во спојување на луѓето од различно потекло, вера, социјална класа и генерација, како место каде може да се испие кафе или да се подели оброк.
Исто така, сопствениците се жалат и дека се нашле на удар на екстремистичките напади, што се случија во Париз, чија цел биле токму кафулињата со овие препознатливи тераси.