Насловна / Арт и дизајн / Еротика, емоции и дизајн

Еротика, емоции и дизајн

Конечно одишка од напливот на гласови и слики… , тишината го намалува интензитетот на разулавената ера, ерата на презафатеност и бучавост. Токму домот е местото каде што си ја пронаоѓаме тишината, што на секој од нас интимно му недостасува. Талкаме и се обидуваме да ја изгаснеме жедта, да постигнеме умереност. Лајфстајлот и трендовите тежнеат по третманот на тишината. Убавината одамна ги раскина врските со отежнатоста и бескорисноста на орнаментиката и во својот центар трага по есенцијалното. Оттука, наративот во есејот на Адолф Лос „Орнаментиката е криминал“, како ехо одѕвонува низ моите мисли додека се обидувам да го разберам лајтмотивот на овогодишната прва од двете изложби на парискиот салон за дизајн Maison&Objet: The Silence.

logo_MOparis_k_rvb

Според Лос, човечкиот ембрион минува низ целиот еволутивен процес на животните во утробата на својата мајка; веднаш по своето раѓање новороденчето има сензорни способности на мало кученце. Низ детството ја преживува фазата на целокупниот човеков прогрес: на двегодишна возраст е на ниво на Папуански дивјак, на четири на ниво на луѓето од келтските племиња од први век. На шестгодишна возраст го достигнува нивото на Сократ, на седум на Волтер. Токму на таа возраст човекот почнува да ја разликува виолетовата боја која е откриена во осумнаесеттиот век.Kako odmaras noga od napornoto setanje

Релаксирање за време на саемот

Токму во напливот на размислувања за поврзаноста на еволутивниот процес и процесот на дизајнот, настанот Maison&Objet: The Silence ни додава нови есенции како би го дооформиле тој мозаик на интерпретации. Полесни материјали, геометриски апстракции, транспарентност, хало патерни, природни текстури, деликатни меѓунијанси, црно и бело; тоа се формалните правила на просторната тишина. Ослободени, едноставни, архетипски форми дозволуваат на нашиот ум да заталка во длабоко размислување и да го најде својот мир.

dav

Eichholtz – модерна класика од Холандија

Оваа манифестација, која се одржува два пати годишно во саемскиот комплекс Villepinte Nord во Париз, може да биде опишана со различни епитети: салон за дизајн и објекти, изложба на трендови, саем за мебел, осветлување, аксесоари за домот и облека, но и како концептуални изложби на инспирации и простори. Токму овие епитети се предмет на општиот дискурс кој саемот „Мезон Обже“ го поставува пред генералната публика и професионалците. Хајлајт на целокупните случувања беше претставен во седмата хала, инсталација од Елизабет Лериш токму на темата „Тишина“. Архитектката Лериш од истоимената агенција од Париз вели: „Мојот пристап е базиран врз чувство и приврзување. Јас работам со емоционални реакции. Додавам феминистички елементи со разиграни перспективи. Мојата цел е секогаш да изненадувам!“

dav

AP Collection, Flamingo Chair, најфотографираното парче мебел на саемот

И така, нашата дестинација Париз во јануари, најверојатно имаше за цел комплетно да не задржи под покривот на Villepinte Nord и непрестано да ни одржува лекции по хаптичност на текстили, сензорни перцепции и хало ефекти на боја и простор… Во целиот амалгам се обидуваме да проникнеме и распознаеме, со дедукција да си расчистиме пред себе кои се основните компоненти на тие просторни колажи. Се движиме низ простори и хали кои повикуваат со различни тенденции и концепти: Cook + Design, па се до Текстили и „must-have-products“.

Изложбата What’s New е исечок од најдобрите предмети е елементи кои се дел од саемот. Поставката е наместена на нов простор со фантастична сценографија потпишана од Франсоа Делкло, основоположник на агенцијата Un Nouvel Air, изложба која ги истакнува најкреативните концепти на овогодишниот асемблаж. Вистински метод за инспирација!dav

Misoka – компанија од Јапонија за четка за заби без вода

La Petite Hostellerie - restoran vo okolinata na St Germain bulevarot

La Petite Hostellerie – ресторан во околината на булевар St Germain

dav

Кварт Las Marias Le Mare

А од инспирација никогаш доволно, да се биде во Париз е доволнo оправдување за емоционално опивање со дизајн. Но како што улично се вели: „на кој колку му држи“ е единствената премиса, иако вулгарна, премногу апликативна за она што фактички го доживувавме во контекст на саемот, но и во контекст на градот. Тесните и провокативни улички на квартот Le Marais на места пренатрупан со туристи, но и места со суптилни париски ентериери кои се лакмус на трендовите во зародиш. Пред многу години, додека спонтано талкав низ улиците на „Ле Маре“, по улицата Rue Vielle Du Temple, случајно налетав на Дејан Дуковски како седи во едно мало кафе. Токму на истото место, јануари 2017 година, излезени од „Мезон Обже“, се потсетувам на таа чудна ноќ која ми го покажа Париз во својата вистинска боја. Ентериерот на кафулето Au Petit Fer à Cheval во превод „Малата потковица“, најверојатно не е променет уште од неговото отворање во 1903 година, современик на виенскиот „Лос Бар“, ова кафуле односно комплетен микро ресторан служи одличен избор на вино како и париските супа од моркови и тартар бифтек. Мал рај на вистинските познавачи на француската кујна, а одличен стартап за новодојденците кои по одлична препорака би влегле во ова мало безвременско место.

Au Petit Fer à Cheval - enterier detalji4

Кафуле Au Petit Fer à Cheval

DutchBone - kompanija od Holandija za vintage mebel i svetlo

DutchBone – компанија од Холандија за vintage мебел и светло

Ентериерот е она што окото на познавачот го плени, тлото е суптилен мозаик и орнаментиката што како критика на зборовите на Лос, ја пренесува станцата на португалските мајстори од лисабонскиот плоштад или шеталиштата на Ле Блон и Ипанема во Рио. Се е одлично поставено, просторот за седење во внатрешноста е трансцедентна на фактичките димензии – поголемо е одвнатре (репликата од BBC серијалот „Доктор Ху“).

Назад низ халите на саемскиот простор, наредени во форма на потковица (како макро омаж на малото кафуле во „Ле Маре“), пронаоѓаме реликти од сегашноста, артефакти од човековото стремење кон убавиот живот. Како археолози, внимателни да не пропуштиме ниту едно делче, навлегуваме во приказните што компаниите изложувачи од цел свет се обидуваат да ни ги пренесат. Полската компанија „Ситс“, која се занимава со производство на мебел, плени со својата поставка – љубов на прв поглед. Тематски совршено се поставени и токму во духот на темата Тишина. Меките штофови и длабоките бои кои го впиваат погледот, невидливо ткаат врска со набљудувачот, го обземаат и му наметнуваат носталгичен вкус. Парчињата мебел носат со себе mid-century-touch, но во исто време потенцираат современа нота.

dav

FatBoy outdoor концепт

Maison Objet e карневал не само на бои, туку и на емоции кои го пленат дизајнерското око, го дисциплинираат нескротениот дух и го подучуваат аутсајдерот. Ништо не е во стилот на другото, а сепак перфектно сè се вклопува едно со друго токму како Џинџер и Фред. Има нешто романтично кога е дизајнот во прашање, нешто интимно кое зборува за нашите скриени копнежи и тајни. Париз во јануари и септември е местото каде може да бидете на чисто сами со себе. Како што напишал Адолф Лос: „Уметноста е еротика, дизајнот е чисто канализирање на енергијата“.

Porada Italia kompanija za mebel od masivno drvo

FatBoy outdoor – мебел од пасивна дрво

dav

Zuiver – компанија од Холандија за vintage мебел и стакло

pierre-emmanuel-vandeputteimm - nascondino chair

Pierre Emmanuel Vandeputteimm Design Studio – Nascondino chair

Sits od Polska so svojot fantasticen nov model HUGO na MO1

SITS од Полска со својот фантастичен нов модел HUGO

м-р Иван Мирковски, дипл.инж.арх.

(специјално за Порта3 од Париз)

Фото: Иван Мирковски

 

Испрати коментар

Scroll To Top