Насловна / Вести / Paris Saint-Germain пушти во продажба специјален дрес, за помош на здравствените работници во Париз

Paris Saint-Germain пушти во продажба специјален дрес, за помош на здравствените работници во Париз

Како одговор и свој придонес во актуелнава здравствена криза, легендарниот фудбалски клуб Paris Saint-Germain издаде специјална едиција на дресови, со чија продажба ќе им помогне здравствените работници во Париз. Дизајнот на овој специјален дрес има оригинална порака  Tous Unis (сите заедно). Едицијата има 1.500 парчиња, а нивната цена е 175€. Сите собрани средства ќе бидат донирани на  здравствените работници во универзитетскиот клинички центар Assistance publique – Hôpitaux de Paris (AP-HP), кој е најголемиот систем на болници во Европа. Во исто време, клубот секојдневно обезбедува и доставува оброци за персоналот на болниците во градот, под истото мото Tous Unis.

psg1

psg2

psg3

psg4

Испрати коментар

Scroll To Top