Насловна / Архитектура / Парче рај во дивината на Костарика

Парче рај во дивината на Костарика

Помеѓу бескрајните пространства со неверојатна природа, како да лебдат две луксузни мали куќички со минималистички дизајн, во исто време во контраст и во хармонија со околината. Благодарение на архитектонското решение и дизајнот на ентериер, овие куќи за изнајмување нудат неверојатен поглед.

3

На возвишување обраснато со тропска шума, 300 метри над нивото на морето и со поглед кој го одзема здивот, се наоѓаат две идентични вили, свртени кон пространствата на океанот и опкружени со неверојатната природа на Костарика.

Наменети за краткорочно изнајмување, проектирани се да овозможат максимално уживање на гостите, без да ја загрозат околината и суптилно да се претопат со неа.

1

Одржливиот дизајн на едноставни, прави линии со смена на полни и транспарентни површини, го потпишуваат архитектите на наградуваното биро Formafatal, со драгоцено искуство од претходни проекти во Костарика.

7

Според зборовите на архитектите, водечката идеја била проектирање одржливи куќи со биофилни ентериери, кои ќе бидат софистицирано осмислени, а во исто време нивното обликување ќе биде исклучително минималистичко и едноставно. Архитектурата на вилите со своите тенки и прави линии е во контраст со бујната тропска вегетација, но избраните материјали и бои совршено се вклопуваат со околината.

Наречени Achioté, куќите се со површина 90 квадратни метри и се не меѓусебна оддалеченост од 12 метри.

2

Она што е новина во начинот на градба за ова подрачје е примената на традиционалната техника на градење со набиена земја, која датира уште од античка Кина. На овој начин се прават ѕидови со набивање на мешавина од чакал, песок, земја и малку глина, со додавање на цемент поради издржливост, помеѓу рамни плочи на оплатата. Посебна предност на овој тип на градба е употребата на локални материјали. Модерните набивачи се вистинскиот избор за области со влажна и топла клима, што секако е Костарика. Традиционалните градежни техники во согласност со локалните услови и климата овозможуваат здрави услови за живеење и енергетска ефикасност.

15

Концептот на куќите ги следи морфолошките карактеристики на теренот и е ориентиран кон океанот. Бескрајниот поглед на хоризонтот е овозможен со стаклени ѕидови, чии профили се скриени во жлебовите на бетонските плочи на таванот и подот.

12

Надворешните и внатрешните простори, благодарение на стаклените ѕидови, немаат јасна граница, туку непречено се прелеваат еден во друг. Терасата на вилата е опремена со мебел за одмор и уживање во волшебните зајдисонца, а има и помал бесконечен базен, доволен за разладување и релаксација.

6

ДИЗАЈНОТ НА ЕНТЕРИЕРОТ И АРХИТЕКТУРАТА ВО ХАРМОНИЈА СО ПРИРОДАТА

И двете вили се архитектонски исти. Материјалите, оснивите, ориентацијата се идентични. Меѓутоа, тие се разликуваат во внатрешноста, пред се во однос на концептот на боја, што делумно се одразува и на екстериерите.

8

Проектантите го објаснуваат својот пристап во разликата во самата енергија на местото, карактеристичните вибрации, затекнати пред изградбата на куќите.

Вила Jaspis – светлата вила е одраз на јин енергијата. Поврзана е со океанот и небото, визуелно, енергетски, како и со палетата на бои во песочни нијанси.

9

Вила Nefrit – темната вила е одраз на јанг енергијата. Во оваа вила се чувствува поврзаноста со земјата и џунглата. И тука е избран концептот на боја како реакција на енергијата, па црвената теракота боја на бетонскиот под ја пренесува нијансата на локалното тло во внатрешноста на куќата.

14

Куќите се опремени со минимум потребен, внимателно одбран мебел, воглавном изработен по мерка.

По пристигнувањето, двете куќи делуваат како незабележителни и скромни куќи во природата, со груби ѕидови и обраснати со тропски растенија. Но, штом се помине низ влезот, кон терасите кои изгледаат како да лебдат над шумата, се отвора волшебниот поглед на океанот, а просторот на главната спална соба поврзан со терасите се шири. Трансформацијата е целосна во споредба со првиот впечаток.

11 13 16

Испрати коментар

Scroll To Top