Насловна / Арт и дизајн / Парче од Охридско Езеро во новото уметничко ателје за филигран на Марта Пејоска во Охрид

Парче од Охридско Езеро во новото уметничко ателје за филигран на Марта Пејоска во Охрид

DSCN7655
Во саботата во 21 часот, во стариот дел на Охрид, беше отворено ателје-работилница  и продажна галерија за филигран на младата архитектка од Охрид, Марта Пејоска.

DSCN7669_resize
Марта има дипломирано на Архитектонскиот факултет во Скопје, а професијата архитект наоѓа соодветна рефлексија во нејзината огромна пасија кон филигранската техника и нејзината изработка, што како древна уметност и занает бил исклучително негуван од одредени охридски фамилии во минатото и е репрезент на нашата култура и традиција.

DSCN7665_resize DSCN7666_resize DSCN7672_resize DSCN7673_resize DSCN7674_resize DSCN7675_resize DSCN7696_resize
Внесувајќи архитектонска естетика во своите уметнички креации, Марта ја продолжува оваа прекрасна традиција на изработка на филигран во еден современ контекст, во кој накитот е многу повеќе од украс за една современа жена. Во простор во кој дишат боите на старата охридска куќа – чистата бела искомбинирана со кафеавите минимални потези, со префинето чувство за детали, Марта се чини пренела дел од „белото езеро“ во ентериерот. Филигранскиот накит и накитот од сребрени нишки изгледаат толку спонтано во изложбената сценографија, како нанос од бран на белите камења што ја носат меморијата на  песочните плажи од охридското крајбрежје.

DSCN7679 1_resize DSCN7667_resize DSCN7687_resize DSCN7663 1_resize

Белата боја употребена во трите димензии дава свеченост и волуминозност на просторот, а додавањето на големо огледало наспроти влезот, предизвикува визуелна екстензија на перспективите вон границите на ентериерот. Во прекрасниот амбиент посетителите ќе имаат ретка можност да  видат како Марта рачно ги „ткае“ своите уметнички филигрански приказни, запознавајќи ги со уникатната техника на изработка. Марта беше дел од креативната четворка што изложуваше уникатен современ накит на изложбата со инспиративен наслов „Во синило те намамив“, која лани се одржа во Охрид, а годинава во дополнето издание, во Скопје.

DSCN7682_resize

Испрати коментар

Scroll To Top