Насловна / Вести / Парадоксот на Кина: Најголем загадувач и истовремено лидер во обновливи извори на енергија

Парадоксот на Кина: Најголем загадувач и истовремено лидер во обновливи извори на енергија

Во 2024 година, Кина со брзо темпо продолжи да ги зголемува своите капацитети за производство на електрична енергија од јаглен, и покрај тоа што забележа импресивни стапки на раст на обновливите извори. Тоа ги носи во прв план структурните проблеми со кои се соочува кинескиот внатрешен енергетски пазар. Несомнено, 2024 година беше значајна за кинеската индустрија на обновливи извори на енергија, која успеа да додаде нови производни капацитети во мрежата, приближувајќи се на американскиот вкупен износ од 356 GW во ветер и соларна енергија. Со овој рекорд, Кина шест години пред рокот ја достигна својата цел од 1200 GW зелена енергија до 2030 година. Истовремено, кинеското раководство останува едно од ретките кое не се повлекува и не ги успорува зелените инвестиции, за разлика од состојбите во САД и Европа.

Но, во исто време кога остварува рекорди на полето на енергијата од обновливи извори, Кина останува најголем загадувач, генерирајќи 30% од глобалните емсиии на CO2, поставувајќи ја енергијата од јаглен на нови рекордни нивоа. Попрецизно, Кина има изградено нови електрани на јаглен со вкупен капацитет од 94,5 GW и продолжува со изградба на уште 3,3 GW, што се податоци кои не се видени уште од 2015 година. Оваа слика значи пресврт во однос на претходната деценија, кога Кина затвори над 100 GW од застарени електрани на јаглен.  Според важечкото законодавство, новите електрани на јаглен може да се градат само како заштитен механизам за производството од обновливи извори, зголемувајќи ја на тој начин енергетската сигурност на земјата. Но, производителите на јаглен, односно компаниите од секторот рударство, финансираат 75% од новите постројки, а договорите обврзуваат на испорака на одредени количини на јаглен, отсуствува мотивот да се преферира енергијата од обновливи извори. Дополнително, секој регион има посебни политики во однос на енергијата од обновливи извори односно фосилни горива.

 

Испрати коментар

Scroll To Top