Насловна / Архитектура / Parachute Hybrids – станбен комплекс во Москва

Parachute Hybrids – станбен комплекс во Москва

Компанијата Steven Holl Architects, во соработка со уметничката група Kamen, е победник на меѓународниот натпревар за проектирање на станбениот кварт во Москва во Тушино квартот. Во конкуренција биле познати архитектонски компании меѓу кои: Fuksas Architecture, Zaha Hadid Architects, Mad Global  и Tsimalo, Lyashenko & Partners. Со проектот ќе се добие нов центар за мешовита намена на некогашниот падобрански полигон, во рамките на кој ќе се наоѓаат станбени објекти, јавен простор, градинка и основно училиште. Steven Holl Architects има предложено нова типологија на зградите –   Parachute Hybrids која комбинира панелна конструкција со дополнителни „обесени“ делови во горните сегменти, асоцијација на падобрани кои висат во воздухот.

Parashute5

Parashute 3

Големите кружни отвори во фасадите, на кулите им даваат дефиниран геометриски карактер и изразуваат позитивно опкружување. Главниот проект е осмислен, така што го обликува јавниот простор при максимална изложеност на сонце. Објектите се поставени и ориентирани  така што зафаќаат голема јавна градина и игралиште. Вака заобиколениот простор потсетува на поранешната намена на локацијата – училиште за пилоти и падобранци, а тука бил сместен и Централниот Аеро Клуб на поранешниот Советски Сојуз. Во 2000 година, градските власти предложиле трансформација на овој ненаселен простор во урбан центар со 200.000m² површина за домување, комерцијален, деловен простор, забава и спорт.

Parashute2

parashute4

„Тушино може да биде важен урбан модел за живот во густо населените делови во 21-виот век, кој го обликува јавниот отворен простор“. вели Steven Holl. „Новиот тип на градба кој овде го предлагаме, инспириран е од историјата на локацијата која ова место го прави единствено“, додава тој. Групата Vi Holding  ја нагласува важноста на удобното животно опкружување, кое вклучува богата инфраструктура и простори за едукација. Новата градинка и училиштето се проектирани да бидат самостојни во архитектонски различни згради, кои се карактеризираат со природно осветлување и зелен простор. Станбениот комплекс, исто така ќе има и содржини како спа центар, базен, кафулиња и сл. Во рамките на дистриктот Тушино, ќе се наоѓаат различни типови на станбени објекти за луѓе со различен социјален статус. Steven Holl Architects  е посветен на долгорочнен и одржлив дизајн за секој проект. Проектот за станбениот комплекс во Тушино го карактеризираат зелени покриви, соларни перголи, дневна светлина, употреба на дождовницата,  и геотермално греење и ладење. Становите ќе бидат заградени со фасада од тенко стакло кое во зима ќе помогне за изолација на зградата, а во лето ќе се создадат отворени тераси за секој стан. Низ локацијата ќе минуваат еко коридори. Првата фаза од проектната документација треба да биде готова до 15-ти март 2018.

Испрати коментар

Scroll To Top