Насловна / Арт и дизајн / Пар од Британија платил 230.000 евра да отстрани мурал на Банкси од ѕидот на својата куќа

Пар од Британија платил 230.000 евра да отстрани мурал на Банкси од ѕидот на својата куќа

Мурал на Банкси на куќа на брачен пар во Британија се претворил во „жив кошмар“ за станарите.

Замислете да се разбудите еден ден и да откриете дека Банкси насликал уметничко дело на фасадата на вашата куќа. Вашето изненадување е проследено со пријатната помисла дека, ако ништо друго, вредноста на вашиот имот вртоглаво пораснала. Но, она што нема да ви падне на памет се обврските што треба да ги преземете.

б

Ова била реалноста за парот во Британија кој едно утро открил дека Банкси насликал галеб висок речиси шест метри на ѕидот од нивниот дом во Loustoft. Според нивните изјави, тоа било почетокот на „кошмарот“. Општинските власти ги информирале дека треба да потрошат околу 46.000 евра за одржување на делото на мистериозниот уметник, а потоа откриле дека ќе мора да го заштитат и од вандализам или потенцијална кражба.

„Морав да ангажирам ноќен чувар да се грижи за муралот затоа што некој украл парче и се обидел да го продаде на Фејсбук. Друг пат, вандалите се фатени со десетина лименки бела боја и очигледно сакале да го обојат ѕидот“, изјавил сопственикот на куќата во интервју.

б2

Уметничкото дело е отстрането во април, откако парот ангажирал специјализирана градежна компанија и градските власти го одобриле затворањето на патот заради работите. Компанијата го зајакнала ѕидот со 12 слоеви смола и пет тони челик пред кран од 12 метри да го отстрани целиот проект во едно парче. Парот сега се надева дека ќе го продаде уметничкото дело и ќе го замени со реплика. Според пресметките, целата работа ги чинела сопствениците на куќата околу 230.500 евра, но ѕидот што е отстранет веројатно вреди неколку милиони.

б1

„На почетокот беше неверојатно, но како што напредуваа работите стана исклучително стресно. Не сум сигурен дека Банкси ги сфаќа несаканите последици за сопствениците на куќите. Да можевме да го вратиме времето назад, ќе го спречивме тоа“, велат сопствениците.

Уметникот ја презеде одговорноста за проектот во триминутното видео на социјалните мрежи насловено „A Great British Spraycation“, во кое се гледа како создава уметнички дела во разни англиски приморски градови.

Муралот, меѓутоа, имаше позитивно локално влијание. Портпаролот на Loustoft за весник изјави: „Уметничкото дело стана туристичка атракција и референтна точка за областа на национално ниво“.

Испрати коментар

Scroll To Top