Со прес-конференција на отворено, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, официјално го означи завршувањето на работите на реконструкцијата на станбената зграда на булеварот „Св. Климент Охридски“, наречена „Папагал“, која доби термичка изолација и нов лик. Според Жерновски, ова е дел од проектот на oпштина Центар за реконструкција на фасадите во општината. Во рамките на проектот уште 11 други станбените објекти во општината ќе добијат термичка изолација и нов лик.
Истовремено, тие ќе бидат енергетски ефикасни, а станарите ќе плаќаат три пати поевтини сметки за електрична енергија. Жерновски рече дека зградата не била реконструирана откако е изградена. Подигната е пред 60 години и сега првпат се интервенира на нејзината фасада. – Изворно имала пет бои покрај основната, која била сива. Овие бои се сега посветли, но тоа е нова свежина која сакаме да ја додадеме. Сакам да напоменам дека за разлика од други управи во однос на фасадите, сите фасади кои ние ги обновуваме во Центар го задржуваат претходниот изглед.
Она што е многу битно е дека ниту една фасада ниту била направена, ниту се прави, ниту ќе се прави без согласност на граѓаните. Прво обезбедуваме согласност од нив, што е многу битно како принцип, и со ова сакам да порачам дека и Владата и Градот Скопје треба така да работат и дека без согласност на жителите во наведените згради би било некоректно да навлегуваме како институција – рече градоначалникот Жерновски.
ПАПАГАЛ Градоначалник – ПАПАГАЛ фасада е најкоментираниот заклучок од вчера, зарем немаше некоја поинтересна графика да се изведе, малку ли само има сликари на графити па ќе му дадеш за задача да изработата слободни културни теми и еве ти уметнички вреден објект.