Не сте сигурни која боја треба да се избере за ново лого? Со која боја сакате да го акцентирате новиот ентериер? Еве го одговорот! Институтот за бои Pantone ја прогласи Ultra Violet за боја на 2018 година, која ја опишува како „драматично провокативна и деликатна нијанса на виолетовата боја”.
Таа не се разликува многу од новата боја, која Pantone ја лансира оваа година, а која е во чест на Prince – музичката поп икона која почина во април 2016 година.
Според соопштенијата на Pantone, оваа нијанса на пурпурна боја е веќе прифатена кај технолошките и медиумски компании, а најочигледни примери се NBC Universal и Twitch, кои го усогласиле нивниот визуелен идентитет со оваа боја.
Секој декември од 1999 година, компанијата Pantone објавува боја што ќе ја одбележи следната година врз основа на анализи на трендови. Во 2016 година, Pantone ја избра мешавината од пастелна Rose Quartz и сина Serenity боја, додека за оваа година беше зелената боја Greenery.