Елегантниот звучник Panthone I може да има двојна улога – музички уред и фантастична скулптура за вашата дневна соба.
Музиката е уметност. И покрај радиостаниците и плејлистите засновани на алгоритми кои направија песните да се чувствуваат запоставено повеќе од било кога порано, новиот звучник на брендот Panthone е тука, да се погрижи никогаш да не ги заборавите.
Pantheone I, првиот звучник на австралиската компанија Pantheone Audio, повеќе личи на скулптура која припаѓа на музеј, отколку на дел од врвна аудио опрема. Новиот безжичен уред на слушателите им нуди врвно звучно искуство.
Panthone I е дело на директорот на компанијата, Орен Адани и главниот инженер за акустика, Адриен Стачовиц, при што и едниот и другиот се ветерани на аудио индустријата. Дизајнот на овој паметен звучник е инспириран од куполата на Пантеонот во Рим, со отворена дупка како извор на светлина. Звучникот ја одразува оваа инспирација со геометриска јаснотија, која ги максиминизира неговите акустични перформанси.
Дизајнот овозможува да се емитува звук во опсег од 360 степени, што треба да го имитира чувството на звук во внатрешноста на древниот римски храм. Куќиштето се состои од крута смола со висока густина, која овозможува потполно глатка површина, која ја подобрува технологијата на внатрешни звучни бранови. Исто така и иновативната заоблена форма пружа одлична црстина и робусност, што е функција која повторно ја подобрува технологијата на внатрешни звучни бранови. Се ова заедно му помага на звучникот да произведе што поприроден звук.
Panthone I е добитник на награда на дизајн на Red Dot 2020.
Звучникот изобилува и со опременост со високотехнолошки функции. Со него може да се управува по пат на паметни апликации кои работат и на iOS и на Android уреди и ги подржува сите главни сервиси за стриминг, вклучувајќи Spotify, Amazon Music, Tidal, TuneIn и Apple Airplay. Исто така има и Bluetooth и WiFi поврзување, a може да се уклучи телефон или медиски плеер со старомоден помошен кабел.
Pantheone I е достапен во црна или бела боја и може да се купи на сајтот на компанијата за 2.190 долари.