Изградбата на Панорамското тркало кое ќе биде поставено на пешачки мост на реката Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и новиот театар, ќе заврши во 2019 година. Панорамското тркало ќе биде високо 73 метри, а ќе има дијаметар од 57 метри.Предвидено е да има 30 гондоли, а во една ќе можат да се соберат осуммина возрасни и две деца.
Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми, а максималниот капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300, односно 240 возрасни и 60 деца.
За овој проект ЈСП Скопје ќе треба да издвои над 12 милиони евра, кои претпријатието ќе ги двои во четири буџетски години, од 2014 до 2018 година.