Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја гради новата атракција во центарот на Скопје. Според планот, изградбата на Панорамското тркало ќе треба да заврши во 2019 година.
Тркалото се гради на нов пешачки мост на Вардар, во делот помеѓу Музејот на ВМРО и новиот театар. Ќе биде високо 73 метри, мерено од брегот на реката, а ќе има дијаметар од 57 метри.
Тоа ќе има 30 гондоли, а во една ќе можат да се соберат осуммина возрасни и две деца. Гондолата ќе може да издржи товар од 750 килограми. Максимален капацитет на патници на панорамското тркало ќе биде 300, односно 240 возрасни и 60 деца.
O tempora! O mores!….. Bilo kakov drug komentar e nesoodveten