Кипарското дизајн студио Mousarris со седиште во Ларнака, специјализирано е за креирање единствени парчиња мебел, кои асоцираат на хировити скулптури.
Нивната маса наречена Metropolis, која е дел од колекцијата Wave City инспирирана е од градските панорами на филмските хитови на Кристофер Нолан. Или како што објаснуваат авторите цитирајќи го Езра Паунд (модернистички поет и критичар) „Секоја голема уметност е родена од метрополата“.
Масата Metropolis е педантно изработено парче кое во себе крие функционалност и естетика.
Заронете во измислената метропола Stelios Mousarris. Коцката може да се пофали со тенка линија, мат црна завршна обработка и панорама на град затворена во стакло. Елегантната црната коцка има робусна рамка што им овозможува на измислените згради на Stelios удобно да се одмораат.