Насловна / Вести / Панел дискусијата: „Скопје – урбан град на минатото или иднината?“,

Панел дискусијата: „Скопје – урбан град на минатото или иднината?“,

Покана за учество на панел дискусијата: „Скопје – урбан град на минатото или иднината?“, кој ќе се организира на 29.6.2018 г. (петок), со почеток во 15.30 ч., во просториите на Музејот на Град Скопје.

На настанот ќе бидат презентирани наоди од истражувања, спроведени во рамки на докторските студии на три докторанди при УКИМ кои се поддржани со мал грант за стипендија во рамки на програмата Цивика мобилитас, а опфаќаат аспекти на социо-културната, архитектонската и еколошката транзицијата на градот. Покрај тоа, универзитетски професори ќе ги споделат нивните ставови и заклучоци од истражувањата, што би било проследено со дискусија на темата.

На панел дискусијата: „Скопје – урбан град на минатото или иднината?“ ќе бидат презентирани наоди од истражувања, спроведени во рамки на докторските студии на Марија Димитровска, Ива Петрунова и Емина Рустемоска. Тие опфаќаат аспекти на социо-културната, архитектонската и еколошката транзицијата на градот. Покрај тоа, универзитетски професори ќе споделат ставови и заклучоци од истражувањата, што би било проследено со дискусија на темата.

цивиц

Градот за своите жители станува идентитет, предмет на сопствената идентификација. Во изминатите децении Скопје се бори да изгради свој лик на препознатливост, паралелно низ процесите на транзиција, урбана транформација и длабоки социјални промени.
Како резултат на културната траума во општеството, жителите на Скопје се отуѓени од јавната сфера, дистанцирани и незаинтересирани за активно учество во општествените процеси.

Програма

15:30 – 16:00 Регистрација на учесниците

16:00 – 16:10 Воведно обраќање,
– Александар Кржаловски, национален лидер на Цивика мобилитас
– Претставник од Град Скопје (да се потврди)

16:10 – 16:30 Општествена трансформација: кон надминување на колективната траума
– Марија Димитровска, докторант
– Д-р Антоанела Петковска, Универзитетски професор

16:30 – 16:50 Градот во транзиција: социолошки, социо-просторни и архитектонски промени
– Ива Петрунова, докторандт
– Д-р Марула Николоска, Универзитески професор

16:50 – 17:10 Скопје помеѓу идејата за зелен град и реалноста
– Емина Рустемовска, докторант
– Д-р Илија Ацески, Универзитески професор

17:10 – 18:00 Дискусија
18:00 – 18:30 Освежување

Марија Димитровска, Ива Петрунова и Емина Рустемоска се корисници на мали грантови за стипендија во рамки на програмата Цивика мобилитас

Испрати коментар

Scroll To Top