Насловна / Архитектура / Панел дискусија за иднината на „Скопје 2014“ во Кино Култура

Панел дискусија за иднината на „Скопје 2014“ во Кино Култура

Вечерва во 19 часот, во Кино Култура, ќе биде одржана презентација на краткиот филм „Како Скопје 2014 ги изеде урбаните заеднички добра“, а во вториот дел од настанот и панел дискусија со двајца врвни претставници на професијата: Ана Ивановска и Мирослав Грчев.

Во панел дискусијата, како гости со свој став, ќе учествуваат Мери Јордановска, Петрит Сарачини, Валентина Поцеска и Славчо Димитров. Модератори се Ивана Драгшиќ и Никола Наумоски.14570355_1805912769644947_5751417469543461871_n

Дискусијата ќе биде посветена на справувањето со Скопје 2014 после некое потенцијално нормализирање на правниот поредок во земјава. Што мислат архитектите дека треба да се направи, какви им се ставовите за рушење, што доколку сето тоа остане вака како што е?kino-kultura

Влезот е слободен!

Испрати коментар

Scroll To Top