Денес (27 декември) со почеток во 12 часот во хотел „Мериот“ во Скопје, ќе се одржи панел дискусија насловена „2017 – Чекор поблиску до урбанистички одржливо Скопје“. Организатори на настанот се Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Целта на овој настан и работилница е проширување на дискусијата за можностите за одржлив урбан развој на Скопје и идентификација на клучните теми на кои треба да се насочат напорите во 2017 година. Настанот е наменет како платформа за размена на мислење на урбанистичките планери, архитекти, граѓански здруженија и експерти кои работат на полето на урбанистичкото планирање и заштитата на животната средина.
На дневен ред ќе бидат излагања од страна на Ана Чоловиќ Лешоска (Еко-свест), Даница Павловска (Асоцијација на архитекти на Македонија), Виктор Михајлов, (Град Скопје), проф. Мирослав Грчев (Архитектонски факултет)…