Во бројни европски земји забележан е пад на потрошувачката на електрична енергија поради пандемијата, а овој тренд е посебно изразен во Италија, каде минатата седмица потрошувачката паднала за 19,5%. Мерките за сузбивање на корона вирусот во голем број земји, односно намалувањето на економските активности, доведоа до драматичен пад на потрошувачката на електрична енергија.
Според податоците на Европската мрежа на оператори на преносни системи за електрична енергија (ENTSO-E) во периодот од 16-ти до 20-ти март 2020 година, и потрошувачката во Франција забележила пад од 16,5%, додека во Шпанија за истиот периодпотрошувачката се намалила за 7,8%.