Панамскиот канал со право се смета за едно од најголемите инженерски потфати на 20 век. Овој гигант на инфраструктурните градби спојува 160 земји и 1.700 пристаништа ширум светот. Официјално е отворен на 15 август 1914 како американска инвестиција и претставува 81,6 километри долг канал кој ги спојува Тихиот и Aтланскиот Океан.
Но, идејата за негова изградба постоела уште во 16 век. Во реализација конечно влегле Французите во 1879 година, но имале многу проблеми меѓу кои и основното решение за подигање на бродовите за 85 стапки. Интересно е дека за решавање на овој проблем бил ангажиран Густав Александар Ајфел творецот на Ајфеловата кула.
Во 1903 година е потпишан договор помеѓу Панама и САД за преземање на проектот од стана на САД, и тоа овозможило каналот да биде завршен во 1914 година. Во изградбата учествувале околу 25.000 работници, од кои дури 5.600 го загубиле својот живот, главно поради жолта треска и маларија потпомогнати од лошата здравствена заштита.
Во 1999 год. потпишан е договор меѓу САД и Панама, со кој каналот и се отстапува на Панама.