Насловна / Архитектура / Паметно искористување на просторот

Паметно искористување на просторот

„Помалку е повеќе“ и тоа е новата мантра. За оние на кои им треба доказ, тука е Reflection of the Mineral, куќа изградена во Накано, четврт во Токио, со површина од околу 44 квадратни метри.

0

Тоа што ја истакнува оваа куќа проектирана од Yasuhiro Yamashita од бирото Atelier Tekuto е успешно користење современи архитектонски идеи во комбинација со паметно искористување на просторот како и структуралното обликување.

9

Куќата е на аголна локација ограничена а со две улици и како одговор на законската регулатива и желбата на клиентот има „покриена гаража“. Бидејќи е изградена на мала локација, искористен е секој сантим од расположивиот простор. И покрај тоа што користениот мебел е минимален, опремена е со сите содржини неопходни за престој на едно семејство.

нас

Со контролирање на геометријата и нејзино тродимензионално заплеткување во внатрешниот простор, се предизвикува визуелна рефлексија. Ова резултирало со отстапување од рестриктивноста на просторот.

Додека луѓето се движат, или кога светлината влегува од променливи агли, амбиентот се менува, создавајќи динамичен простор.

5

Наспроти апстракноста на полиедарот се кујната, работната површина, скалите, подовите и тоалет кутијата која егзистира како нефигуративен елемент. Единицата на бањата на третиот кат има огледална завршница од нерѓосувачки челик, која ги комбинира двата аспекта, објектот и рефлексијата.

6

04

Односот со околината е изразен во малиот плоштад отворен кон улицата, простор кој се појавил по поставувањето на гаражата во приземје. Откако стана обележје сама по себе, Reflection of the Mineral е репер и во архитектонскиот свет.

02

2 (1)

3 (1)

06

00

03

07

05 000

Испрати коментар

Scroll To Top