Со развојот на технологијата и широкопојасниот интернет, како и со растот на користењето на Internet of Things, обичните домаќинства се повеќе се трансформираат во т.н „паметни“ (smart ) домови. Голем дел од апаратите з адомаќинство има можност з аповрзување на интернет, со цел сопствениците од далечина да можат да ја подесуваат температурата дома, да вклучуваат разни апарати и сл. Иако стручњаците се согласуваат дека „паметните куќи“ им го олеснувата животот на луѓето, предупредуваат дека постојат закани од хакерски напади. Едно истражување покажало дека токму паметните домови можат да доживеат околу 12.000 обиди за хакирање на неделно ниво, а најголем број од луѓето не се ни свесни дека тоа се случува. Имено, на овој начин се отвора простор за бројни проблеми, почнувајќи од основното користење на одделни уреди, па до кражба на идентитетот.
За разлика од компјутерите кои вообичаено се заштитени со антивирусни заштити, апаратите з адомаќинство немаат таква заштита или истите се недоволно ажурирани, па затоа се посебно ранливи. Посебен проблем е користењето на небрендирани уреди кои обично се купуваат на Aliexpress и Amazon, кои можат да имаат сигурносни пропусти кои ќе ја загрозат целата домашна мрежа. Светските стручњаци истакнуваат дека во последните години cyber нападите стануваат пософистицирани, што доведува до неопходно воведување на нови безбедносни алатки, мерки и стратегии.