Насловна / Архитектура / Паметни облакодери во форма на тространи призми

Паметни облакодери во форма на тространи призми

Кулите во форма на тространи призми со паметна технологија ќе го красат Хелсинки. Победничкиот проект е дело на компанијата Lahdelma & Mahlamäki Architects. Проектот на локалната архитектонска компанија е избран како победнички на конкурсот за фазен развој на изградба на густо населени кули со мешовита намена во северниот дел на градот. Наречен Trigoni, проектот опфаќа изградба на една кула со височина од 180 метри и една кула со височина од 150 метри, кои ќе бидат поврзани во основата, каде ќе се наоѓаат продавници и ресторани. Според архитектите, триаголниците во основата, ќе им овозможат на кулите ориентација која ќе спречува гледање во соседната, како и блокирање на светлата. Прозорците на аглите, ќе им овозможат на становите и канцелариските простории поширок поглед на околината.  На двете кули им се приклучува и јавен простор, а ќе има и градини на покривите и приватни градини.

Втората фаза од проектот ја опфќа областа на старата пруга која ќе биде претворена во парк и спортски терени, и каде ќе се наоѓаат и десет нови високи и средни згради. Постоечката железничка станица ќе биде претворена во културен центар.

Паметните технологии ќе бидат интегрирани во целокупниот проект, така што станарите и гостите ќе можат да користат дигитална платформа за пристап ко сите услуги, како што с ерезервирање на сауна, перална, или нарачување од локалните продавници.

За фасадите ќе бидат користени природен камен, бетон и керамички плочки. Областите кои се заштитени од атмосферски влијанија ќе бидат обложени со природно дрво.

trigoni1

trigoni2

Trigon3

Trigoni4

trigoni5

 

Испрати коментар

Scroll To Top